Љубовен хороскоп од 21-27 декември

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Многу емоции и романтични задоволства ги очекуваат претставниците на различните Хороскопски знаци. Во четвртокот Венера и Јупитер ќе бидат во совршена положба една спрема друга, што ќе им помогне на врзаните да ја зацврстат врската, а на осамените да најдат нова љубов.4375b1deca6e1b0d65dd635e164e8daa

Еве што покажува ѕвездената карта за секој знак.

Овен
Претпразнично имате многу работа, која ќе ви одземе голем дел од личното време. За среќа партнерот ќе го покаже своето разбирање и поддршка. На крајот на неделава ќе имте можност да се занесете во романтика и да бидете заедно во духот на празниците.

Бик
Оваа недела сте во расположение за љубов! Раскошната врска меѓу Венера, која сега е во вашиот сектор на партнерството, кон Јупитер, кој се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Ова ќе ве натера да доживеете голема радост и задоволство со партнерот и е можно да имате емоционален разговор во врска со чувствата еден кон друг. За вас љубовниот живот оваа недела ќе биде како остварување на сонот.

Близнаци
Близнаците ги очекува љубовна афера, која ќе се пренесе и во службата. Ова важи како за неврзаните претставници на зодијачкиот знак, така и за оние кои се наоѓаат во врска. Можно е да поставите нов љубовен почеток или да се стави крај на долгогодишната врска.

Рак
Ве очекува една емотивна недела. Венера и Јупитер се во правилен линк и тоа ќе ви помогне да разговарате со вашата сакана за сè што сакате. Што и да споделите едни со други, тоа ќе го остави кај вас чувството на среќа и љубов. По петок тоа ќе продолжи благодарение на полната месечина.17eb7f925bebd4830b119290f129cba7

Лав
Планетата Јупитер, која се наоѓа во вашиот сектор на романтиката ќе заземе совршен агол кон Венера. Како резултат, вие и партнерот, ќе имате некои убави моменти на романтика и осаменост. Ќе се чувствувате сакани и ценети од својата сакана.

Девица
Претставниците на Хороскопскиот знак Девица ќе ја имаат моќната поддршка на Јупитер, планетата на среќата, која се движи во нивниот знак и така ќе биде сè ‘до септември 2016-та година. На многу начини ќе можете да се радувате на нови можности и особено во љубовта. Ако сте врзани, разговор со партнерот ќе ве зближи уште повеќе.

Вага
За врзаните Ваги претстои недела, во која ќе почувствуваат силна поддршка на партнерот. Таа или тој ќе ви покаже дека верува во вашите таленти и во она што го правите. Бидете управувани од своите цели, но не заборавајте за романтиката во врската. Моментов е погоден за мали изненадувања кон љубениот.

Шкорпија
Вашиот колега ќе ви обезбеди финансиска поддршка, која ќе ви даде слобода да ги реализирате своите цели и да верувате во себе. Во петокот ќе имате можност да ја зголемите духовната врска и ќе почувствувате дека до себе имате сродна душа.ba5861db40d6ba993926ec662d3bd47f

Стрелец
Ако се наоѓате во врска или сте семејни луѓе, оваа недела ќе ве возбудува ангажман во кој и двајцата со партнерот ќе треба да дистрибуирате одговорности. Исто така плановите ќе се ориентирани кон обезбедување на финансиска иднина на семејството. Ви претстојат едни убави спокојни празници.

Јарец
Ќе уживате во една убава недела со својот сакан човек. Во петокот, кога е и полна месечина, ќе имате можност да ја зајакнете вашата емотивна врска. Ќе се чувствувате добро, сигурно и тоа ќе ја предизвика желбата во вас да ја покажете својата благодарност до својата сакана.

Водолија
Ако имате планови за лансирање на нов бизнис, партнерот ќе ја покаже својата поддршка. Друга можност да се добие зелено светло од партнерот, е да се движите напред во кариерата. Очекувајте убави вести после петок и оддадете се на романтика.

Риби
Врзаните претставници на зодијачкиот знак имаат шанса да отидат на патување во странство во текот на оваа недела. И покрај скапиот одмор, тоа е време што заслужуваат да поминат заедно. Ако немате некој близок до себе, полна месечина во петокот може да ви донесе нови можности и среќа и да најдете нова љубов.