Собранието не го усвои законот за Специјално обвинителство предложен од СДСМ

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Собранието на денешната седница не го усвои Предлог-законот за јавнообвинителската служба, по скратена постапка, поднесен од пратениците од СДСМ.

sobranie-na-rm-640x360

За предлогот на СДСМ, да се усвои Закон за јавнообвинителска служба за Специјалното јавно обвинителство, 54 пратеници гласаа „против“ и 27 „за“.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, со законот треба да му се овозможи работа на обвинителството предводено од Катица Јанева.

– Доколку не биде поддржан од мнозинството, се остава поголем сомнеж дека не сакаат да се расчистат сите прашања од прислушкувањето, рече Сугарески образложувајќи го предлогот.