(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја опструира работата на СЈО, не сакаат со криминалот да се соочат

од desk3
131 прегледи

Денес ВМРО-ДПМНЕ продолжи со директно кршење на договорот од Пржино.Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против законот конечно да се оформи тимот на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

ВМРО-ДПМНЕ јавно ја опструира работата на СЈО а тоа е најголемата потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаат проблем со вистината и правдата. Никола Груевски се плаши од вистината, се плаши од правдата.Се плаши од соочување на сопствената одговорност за сите овие 10 години, како и се плаши од потврдата дека оваа власт незаконски прислушкувала над 20000 граѓани.Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Вистината е незапирлив процес.
Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: И сега што правиме со ова? ќе почне ли да работи Катица со постојната законска регулатива?

Сугарески: Значи како што кажав и на самата седница, таа имаше неколку апели до Владата за да напише закон и да го предаде до Собранието со цел да ова Собрание го изгласа. Имаше и друга пракса кооординаторите на политичките партии да предложат предлог на закон.Кога ја добивме иницијативата во четвртокот уште тогаш напишав писмо до сите координатори и ги обавестив дека сум спремен да заедно предложиме закон сите 4 политички партии потписнички на договорот од Пржино, и тој закон да оди во собраниска процедура.Тоа беше иницијатива и предлог на закон поднесен од СЈО. И тој закон денеска беше на дневен ред. Претпоставувам дека од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ќе одговорат зошто овој закон не е подржан денес во собранието. Значи, СДСМ не смени ни запирка таму.

Медиуми: Ќе може ли Катица Јанева сега да работи ?

Сугарески: Видете, значи сите апели од сите политички партии пред неколку месеци беа дека ќе и се излезе во пресрет, вклучително и меѓународната заедница. Јас претпоставувам дека штом бара ваков закон по итна и скратена постапка дека не може да работи затоа што освен нејзиниот избор таму, изберени се уште неколку заменици јавни обвинители. Штом е под итна постапка претпоставувам дека не може. И таа под иста постапка бараше од Собранието да се донесе овој закон. Меѓутоа за жал ВМРО-ДПМНЕ не сака. Не сакаат со криминалот да се соочат, тоа е проблемот.

Медиуми: Господине Сугарески од кога почна спроведувањето на пржинскиот договор има само меѓу партиски обвинувања ?

Сугарески: Ајде вака. Да ја видеме опозцијата што направила. На 1-ви септември се врати во Собранието? И покрај криминални и наместени избори , парламентарни и претседателски. Дали го испочитува тој дел од договорот? Освен денот со судни маки кога се праќаат авиони во Црна Гора указот Иванов да го потпише за Катица Јанева нитуедно нешто друго не е. Видете ДИК кога требаше да се избере, а кога е избран. Видете ја Анкетната комисија на кој начин функционира овде, ама не по благодарение на Петре Шилегов туку на ВМРО-ДПМНЕ односно Никола Груевски или сите министри кои или не доаѓаат или се кријат на затворени седници. Погледнете го ДИК. Досега требаше да биде избран претпоставувам два –три месеци односно во септември.А сега е избран во декември. Тоа е таа методологија да се исчисти избирачкиот список. Еве денес имаме прилика. Ова е дел од договорот од Пржино.СЈО е дел од договорот од Пржино. На специјалната обвинителка требаше да и се овозможи од сите страни во државата да функционира. Да можеби е смешно но тоа е вистината. Заради бруката со ЈО во Македонија коешто 8-9 месеци кривичните пријави на СДСМ ги држеше надвор , се оформи СЈО коешто требаше да функционира.Коешто има мандат од 18 месеци. Тие час да можат го купуваат. Ден – ден . Месец-месец. Сакаат нови криминални избори за коишто се лажат дека ќе ги добијат, тука умот ги лаже. Благодарам. Повелете

Медиуми: Дали очекувавте овој закон да се донесе денес?

Сугарески: Не, не очекував дека ќе биде донесен. Владата очигледно дека одамна немаше желба. Меѓутоа мислев дека можеме координаторите да направиме некој обид како сите закони коишто согласно договорот од Пржино се носат тука , меѓутоа тие не се јавија на поканата заеднички да поднесеме закон, затоа пратеничката група на СДСМ го поднесе законот.

Медиуми: Господине Сугаревски велите дека власта го опструира договорот од Пржино и намерно купува време. Ќе барате ли одложување на избори?

Сугарески: Не тоа никаде не го кажавме. Тоа е измислица на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ бега од избори или се плаши од избори. Нормално дека ако овие рокови одат до недоглед. Не може само рокот 24 април да важи, а сите други да не важат. Тие тоа сакаат да го направат. Со неисчистен избирачки список да се оди на избори. Тоа сакаат. Тоа нема да се случи. Умот ги лаже дека луѓе починати или луѓе со туѓи идентитети ќе гласаат. Тоа нема да се случи овојпат. Ние во моментот правиме координации и анализи колку и до каде е прекршен договорот. Во моментот немаме таков став.

Медиуми: Дали утре ќе присуствувате на обраќањето на претседателот Иванов?

Сугарески: Мислам дека ставот на СДСМ е јасен одамна. Претседателските и парламентарните избори се криминални и наместени. Во Парламентот сме исклучиво заради договорот од Пржино. Немаме апсолутно никаква намера. Тој како прво за нас не е Претседател затоа што е избран на криминални и наместени избори .