Пратеникот на опозициската Партија на националистичка акција Јусуф Халачоглу поднел во парламентот предлог, во кој се бара Света Софија да биде повторно претворена во џамија и во неа да се вршат исламски ритуали.
![]()
Во документот се истакнува дека одлуката со која во 1935 г.Света Софија е претворена во национален музеј, е неважечки, бидејќи потписот на Ататурк под оваа одлука бил фалсификуван.
Пратеникот, кој е поранешен директор на Советот за турска историја, тврди уште дека документот за тоа дека Света Софија е џамија, се наоѓа во османлиските архиви од 1453 година и е внесен со печат на султанот Мехмед Освојувач на Константинопол.
481 години Света Софија била џамија и е редно да и биде вратен овој статус, забележува тој.
Барањата за трансформирање на Света Софија во џамија не се нови. Членови на различни исламистички организации повремено организираат протестни демонстрации со слични барања. Пред извесно време претседателот Реџеп Ердоган во одговор на нивните барања изјави: “Вие прво почувствувајте го Султан Ахмед, пак потоа ќе видиме”, имајќи ја предвид Сината џамија, која е против Света Софија.
Претензии за Света Софија имаат и христијанските кругови, кои сакаат да биде обновена како христијански храм, каква што била пред 14 века. Пред извесно време грчки пратеник поднесе тужба. Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први исто така, се залага Света Софија да биде обновена како црква или да биде отворена за вршење на христијански ритуали.