Бизнисот со бугарски бебиња во Грција многу профитабилен и многу лесен !

од desk3
81 прегледи

Бугарските Роми редовно ја напојуваат Грција со новородени дечиња кои им се продаваат на бездетни грчки двојки кои сакаат да имаат деца и не сакаат да се занимаваат со сложената и бирократска процедура. Тоа го констатира во својата истрага Euobserver.

romi

Во Грција “приватно” посвојување е дозволено, но постапката за стандарден ред трае 7-8 години. Затоа едноставно адвокат или посредник го поврзува бездетното семејство со бремена жена, потпишува договор со мајката да ги отстапи родителските права над новороденчето и готово. Од 2013 година, сепак веќе оваа постапка треба да се потврди и пред грчкиот суд.

Според различни проценки се претпочитаат претежно машки дечиња , а плаќањата стигнуваат до 30-40 000 евра. Многу мал дел од овие пари сепак одат за биолошката мајка. Цитирани се случаи кога таа добива само по 500 евра.

Истрагата покажува дека најчесто се продаваат ромчиња, а главно се бараат бремени жени од ромските гета во Бургас и Варна, како и од Сливен, Јамбол и Стара Загора. Трговијата процветала по падот на комунизмот и особено по влезот на Бугарија во ЕУ.

News-front: Турција врие , започна војна!

Интервјуирана е ромка која раскажува како како млада има продадено едно од своите деца. Таа го родила во Грција, а била чувана некое време таму во изолација, но без да биде оштетена. Раѓањето се случило во болница, а потоа Станка – така се вели жената која била принудена да потпише документи со кои фактички се одделува со детето. Популарен метод за “легализација” на детето во Грција е тоа да биде признаено од маж кој вели дека му е татко, а по неколку месеци се испоставува дека мајката му ги “префрлила” своите права. Тоа е најслисниот начин.

Бугарските и грчките власти се категорични дека целата трговија не може да стане факт, ако нема голема мрежа од медицински лица, правници и шверцери кои работат заедно.