ДИК има претседател, но сеуште нема техничка и кадровска целосна поставеност за да може да се каже дека е комплетна за да перфектно функционира и спроведува избори. И престстои период на комплетирање, и тоа мора да биде што побрзо во функција на договорот од Пржино заклучи во вчерашното интервју лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Сега проблем во Државната изборна комисија (ДИК) е решението за избор на генерален секретар, и за тоа каков оглас ќе биде распишан . Оваа функција сега ќе биде многу значајна бидејќи ќе раководи со ИТ секторот на Изборната комисија во чија надлежност ќе биде водењето на избирачкиот список, како и стручната служба која ќе треба да подготвува информации за темите што ќе се дискутираат на седниците на ДИК.
Дел од претставниците во ДИК меѓу кои и оние од владеачката коалиција, барале да се распише јавен оглас на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани лица и потоа од нив да се избере генералниот секретар. Другиот предлог е да се распише интерен оглас на кој ќе се пријават луѓе што веќе работата во ДИК и во подрачните одделенија, кои ја познаваат природата на работата. Така, велат нашите извори во ДИК би се дошло побрзо до решение, бидејќи работата со конституирање на комисијата беше многу доцни.
Според неофицијалните извори, партиите се во сериозна битка за тоа кој ќе ја добие оваа функција, поради што и нема толку лесно и брзо да оди изборот на генералниот секретар.
Претседател на ДИК е Александар Чичаковски, потпретседател е Реџеп Прекопуца, и двајцата се избрани од редовите на експертите. Членови на комисијата се Атанас Урумов, експерт, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.