Ректорот Стојковски: Полицијата ја повикав јас и повторно би го направил истото

од desk3
113 прегледи

Во случајот со двете факултетски згради, на површина излегува целата етика и иронија на она што некој се обидува да го трансформира во проблем, вели ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски за DW.

-на-ректорат

Започнатата изградба на две факултетски згради во кампусот на УКИМ, го крена на нозе Студентскиот пленум, кој порача дека студентите нема да дозволат да им биде узурпиран домот без да бидат консултирани и информирани што се гради во нивниот двор. Денеска истекува и „крајниот рок“ што Професорскиот пленум му го даде на ректорот на УКИМ, со барање да закаже итна јавна седница на Сенатот, со три точки: Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на УКИМ; Дали имало и кој го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот на 14.12.2015 година и Информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Велимир Стојковски, во интервју за Дојче веле изјавува дека таква седница денеска нема да се одржи и објаснува зошто. Ви пренесуваме дел од неговото интервју.

Полициски возила не се вклопуваат во сликата и суштината на автономијата што треба да ја рефлектира и живее еден Универзитет. Кој ја повика специјалната полиција на 14.12 во кампусот на УКИМ и зошто?

За жал, уште една груба манипулација со фактите. Но, еве повторно ќе објаснам. Полицијата ја повикав јас, и немам никаква причина тоа да го негирам, затоа што присуството на полицијата во кампусот нема никаква врска со градбата. Се работи за следното: Кампусот на Битпазар има вкупно 5 влезови/излези, што е исклучително тешко за обезбедување, особено по судската одлука од 2006 година за право на премин на населението од населбата низ кампусот, при што не може да се направи апсолутно никаква контрола на тоа кој влегува или излегува, затоа што тоа во практика е отворен премин за сите. Безбедноста е на загрижувачко ниво. Од уништување на имотот на Универзитетот, до пукање во згради (Правниот факултет) и поставување две бомби во 2014 година (едната експлодирана, за среќа без последици, а другата навремено отстранета од специјалните служби на министерството). За сето ова повеќе пати ја информирав Ректорската управа и Сенатот. Со моја наредба пред неколку години беа затворени вратата на северната страна и едната врата на западната страна, додека втората врата на западната страна е отворена и надвор од работното време, заради споменатата судската одлука. На 27 ноември 2015 година до мене писмено се обрати деканот на Филолошкиот факултет, врз основа на барање од студентите на Факултетот, кои заради одредени случувања во кампусот изразуваат загриженост за нивната безбедност.

Јанева ќе може лично да одлучува за додатоците на јавните обвинители, почна собраниската процедура

Истовремено, од деканот од Правниот факултет добив писмено барање, со кое се бара помош за подигнување на безбедноста на Факултетот. Тргнувајќи од сето тоа, како и целокупната безбедносна ситуација, а со оглед на фреквенцијата на студенти, професори и странки во кампусот, на 1.12.2015 година упатив писмо до МВР со молба да овозможат одредено присуство на нивни лица во кампусот. Од ова можете самите да заклучите дека се што е преземено, е направено со причина, и две недели пред почетокот на градбата, а ако некој има намера да ги комбинира работите заради нечии дневно-политички потреби и цели, тоа не е мој проблем. Без оглед на автономијата и сликата, јас повторно би го направил истото, ако за тоа има потреба и ако е тоа во насока на безбедноста на нашите студенти.

Screenshot_61-685x320

Потсетуваме дека дента кога се случи блокадата на ректоратот и беше повикана полицијата,  професорот Светомир Шкариќ од Правниот факултет ситуацијата ја окарактеризира како вонредна состојба.

– Тоа се вооружени сили, а зад нив е Ректоратот. Не знам кого го чуваат, Ректорот? Ректоратот? Или пак Правниот факултет? Од гледиште на Уставот, автономија на Универзитетот претставува неприкосновеност на територијата на која што се наоѓа Универзитетот. Никој освен студентите и професорите не може да влегува на Универзитетот, каде не смее да има полициска сила. Кога јас бев професор, студент облечен во полициска или воена униформа не можеше да полага испит, мораше да биде во цивил, за да не се создава разлика, вели Шкариќ, профеосор по Уставно право.

Според него, каква било интервенција или активности на територијата на Универзитетот, никој па ни власта не може да презема без одобрение на Универзитетскиот сенат и Ректоратот.

– Се работи за длабока повреда на автономијата на Универзитетот, автономијата не претпоставува само слобода во изведувањето на наставата и на испитите, туку гаранција дека Универзитетот е тој што води сметка и за безбедноста. Никој не може да влегува, вели професорот Шкариќ