На исклучително груба манифестација беа сведоци фудбалските навивачи во Турција. Мехмед Дегирменчи полуде за време на натпревар од долните нивоа на локалниот фудбалски натпревар меѓу Санаиспор и Даличиспор.
Тој прво го собори противничкиот играч, а потоа и го удри ѕверски во главата.
Грубијанот веднаш доби црвен картон од судијата.
Се најдоа пари за македонските ракометари, МОК обезбеди 60.000 долари
“Му благодарам на Господ дека ударот беше околу мојата вилица. Ако ме удреше право во лицето, можеше да ми скрши носот, да останам слеп или да ми го скрши вратот “, коментира оштетениот играч.
По завршувањето на дуелот шефовите на Санаиспор се собраа на итна седница и едногласно одлучија да исфрлен од клубот играчот Дегирменчи.
