Дваесет и две лица, од кои најмногу од албанската Општина Пустец, незаконски добиле македонски лични карти пред локалните избори во 2013 и со тоа им било овозможено да гласаат, објави  министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски. Премиерот Груевски пак тврди „опозицијата го пробила дното“.

-МВРО-на-Груевски-и-Јанкулоска-издавало-и-печатело-незаконски-лични-карти

„Ова е причината зошто власта е нервозна и измислува конструкции за опозицијата во последните неколку дена. МВРО-МВР на Гордана Јанкулоска нелегално издавало лични карти и со нив можело да се гласа“, изјави Спасовски осврнувајќи се на скандалот „Фабрика за афери“ во кој медиумите блиски до власта го поврзуваат со пронајдената лабораторија за фалсификувани лични карти и со тројцата осомничени.

Спасовски случајот ќе го пријави до Специјалното јавно обвинителство бидејќи за овој случај имаше индиции во прислушуваните разговори што ги објави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Јавноста знае дека СДСМ во 2013 година откри гласачи од Пустец на избирачкиот список во Општина Центар, регистрирани по десетици во еден стан. На денот на гласањето новинарите ги прашуваа овие гласачи каде живеат и најголем дел од нив не знаеа да кажат.

Министерот јавно на  прес-конференција објасни дека во последниве неколку недели по случаен избор ги истражувал лицата за кои постоело сомнеж дека не живеат на адресите коишто им се запишани на избирачкиот список. Тој извади листа од 22 лица од избирачкиот список кои добиле лични карти без да поднесат решение за живеалиште, документ кој потврдува дека живеат или изнајмуваат стан во конкретна општина. Во решенијата немало ниту имотен лист, ниту пак договор за закуп на стан. Сите 22-ца биле запишани како гласачи и жители во Општина Центар.

Од овие луѓе едно лице не поседувало лична карта, а сепак го има на избирачкиот список и можело да гласа.грујое

Премиерот Никола Груевски, пак, денеска писмено побара „Фабриката за афери“ да се истражи до крај и сите виновници да одговараат, а во несекојдневното писмено обраќање за аферата ја обвини СДСМ.

„Нашиот народ не го заслужил ова. Некој се обидува да ја киднапира државата и ја држи во заложништво и нашето трпение се ближи кон крајот. Ако до пред некој ден мислевме дека опозицијата го допрела дното, сега е дефинитивно дека го пробија и дното“, смета Груевски.

Министерот Спасовски нема информации дали процесот на нелегално издавање лични карти за жителите на Пустец има било каква врска со аферата која ја буткаат провладините медиуми за тројцата фалсификатори на лични карти кои меѓу другото поседувале и 10.000 прислушувани разговори на функционери.

По ваквиот заплет очекувано , веднаш по празниците доага булдожерот на процесот или „шумарот“. Доаѓа  еврокомесарот Јоханес Хан на почетокот од јануари,  да ги потсети двете страни  што ветија дека ќе направат. Аферите не се на дневен ред на договорот од Пржино за што Македонија има условена препорака од ЕК. Треба да се докомшлетира ДИК, МЕДИУМИТЕ да се решат, спецобвинителката Катица Јанева треба да покаже што процесуирала и сработела, Никола Груевски треба да си поднесе оставка. Во меѓувреме додека трае мегафонското лаење на владините мегафони , нема конкретни информации дали и кога ќе продолжат преговорите од кои, меѓу другото, и зависи успешното прочистување на избирачкиот список, и секако спроведувањето на изборите, во април или некој месец подоцна.

Доаѓа сепак нова година, освен ако медиумските  кучиња преку владините телевизии  не почнат некоја нова кампања и афера од типот стара нова или нова стара година се славеше . Ако почнат кампања ќе ја избутка  и тоа одма  како патриотска дебата. Народот си сака .За ниваната заслепена  и опиена публика,  од турски серии,  се си има логика, тие секундарно сваќаат пакуваат и продаваат ! Само тоа „шумарот“ …!

Слични содржини