Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование, на веб-страницата  www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

denovive-kje-bidat-objaveni-prashanjata-za-eksternoto-testiranje-259781

– Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.

Слични содржини