Околу 20 македонски возачи  со камиони се  заглавени над 15 дена на ирачко-турската граница кај градот Закхо кој е престолнина на Курдскиот регион Северен Ирак, пренесуваат македоските портали  повикувајќи се на информации од загрижени членови на семејствата

kamioni-irak-670x363

Македоските возачи  превезувале ресенски јаболка и други земјоделски производи за Ирак, и бараат  итна  помош од владата и МНР. пренесува Либертас повикувајќи се на  порталот Мактел

На граничниот премин Ибрахим Калил моментално имало над 6000 заробени камиони кои не можеле да го напуштат Ирак затоа што Турција ја затворила границата поради воените дејствија на турската армија против Курдите и нивните бунтовници од ПКК.

kamioni-irak-foto

Засега  тие биле безбедни, паркирани на бензиска пумпа далеку од воени дејствија, имале пари, бензин и храна но неизвесно е што ќе се случува ако продолжи чекањето.Возачите се жалат за негрижата од МНР , за разлика од  сите зглавени возачи кои  добиваат логистика и  помош и ургенции од своите влади .Тие апелираат владата и МНР преку амбасадите и врските со Турција да им се помогне и да бидат пуштени да влезат во Турција.

Слични содржини