Човек поминува околу една третина од својот живот во спиење. За да бидеме енергични и продуктивни, ние имаме потреба од 8 часа спон ноќе, кој ќе биде мирен и длабок.
Треба да бидат земени предвид два аспекта на сонот – времето на спиењето и квалитетот на сонот. Дури и ако човек ги добива потребните 8 часа спиење, квалитетот може да е лош.
Лошиот сон води до вртоглавица и замор во текот на денот. Заморот води до фрустрација, недостаток на мотивација, зголемување на апетитот.
Според специјалистите дури и да не спиете 8 часа, ако сонот ви е исполнет, ќе се разбудите со енергија и желба да го почнете добро новиот ден.
Исхраната, стресот и начинот на живот, влијае на квалитетот на сонот. Секој има свои мали трикови за кои смета дека му помагаат да спие мирно. Денес споделуваме една неверојатна комбинација која ќе ви обезбеди квалитетен и здрав сон за енергично утро. Сè што ви треба е стаклена тегла, 1 лажичка хималајска розова сол и 5 лажички мед.
Измешајте ги овие две состојки заедно во стаклената тегла и чувајте ги на ладно и темно место. Трудете се односот секогаш да биде 5 наспрема 1. Секоја вечер пред спиење ставајте по една лажица од смесата под јазикот и оставете ја да се раствори природно.
Медот и Хималајската сол се богати со многу минерали и елементи како магнезиум, кој ќе ви помогне да имате убав сон.