Потребни производи:
2 лажици сецкан млад кромид
1 чаша млеко (може и бадемово)
2 кг компири, исечени на коцки или четвртинки
3 лажици екстра девствено маслиново масло
4 големи чешниња лук, излупени
1 и ½ лажичка сол4adb593295459a165cf7069bf0d2ccf1

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете го лукот во тави на фолија, посипете со една лажица маслиново масло. Нека се пече околу 20 минути, или додека не омекне.

Во тоа време ставете го компирот во голем сад. Покријте го со вода и оставете да зоврие. Откако тоа ќе се случи, намалете го огнот и оставете да врие, додека компирите се сварат целосно. Излупете и вратете компирот во тенџерето.
Додадете го печениот лук, заедно со  бадемовото / кравјото млеко, останатите 2 лажици маслиново масло, солта. Пасирајте го компирот со лажица со дупчиња додека смесата стане хомогена.
Додадете го младиот кромид и со дрвена лажица промешајте ја смесата нежно и бавно. Ако е потребно се посолува по вкус. Украсете со уште малку млад кромид одозгора и страк копар. Послужете во соодветен сад.

Слични содржини