(ВИДЕО)Вонредна! Избегнат тероризам во Њујорк во 5 до 12 од Нова година

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Уапсениот Емануел Лихман планирал напади во две кафулиња,  а бил помаган со пари на ДАЕШ

Федералните власти во Њујорк го уапсија 25-годишниот Емануел Лихман, кој планирал да го повтори париската масакр од 13 ноември во најмалку два ресторани во градот, и тоа на врвот од Новата година, соопштува телевизија NBC. Целта на крвавите напади била да се казнат неверниците  и да се слави силата на ДАЕШ.policija ny nova godina

Мажот е со лесни ментални отстапувања и е задржан, а тој имал  освен подготовка за   терористички напади и бил  редовно финансирање на активисти на ДАЕШ. Според истражните органи тој бил заколнат на  верност на лидерот на фанатиците Абу Бакр ал-Багдади и бил во постојан контакт со членови на терористичката група во Сирија.Токму  тоа го поттикнало да убие христијани токму по празниците. “Новата година доаѓа овие денови. Направи го потребното и убиј ги неверниците”, му рекле во телефонски разговор луѓе од ДАЕШ според признанијата кои тој ги направил за време на распитите. Подготовките на атентатите Лихман ја направил со пари дадени од страна на прикриени агенти на ФБИ  . Токму тие  му финансирале набавка на ракавици, селотејп, со што да требало да им ги залепи усните на заложниците, потоа ножеви, јажиња и други работи кои се користат при напад на објекти, преполни со луѓе. Пред информаторите тој рекол дека нема проблем со тоа да се жртвува за каузата на ДАЕШ, бидејќи само тоа му било во главата и само за тоа мислел