Македонците најмногу на зимување во Банско и Боровец

од Vladimir Zorba
100 прегледи

 Банско и Боровец во Бугарија и годинава се топ дестинации каде што македонските граѓани ќе зимуваат, додека интересот за Копаоник и за Златибор во Србија е помали драстично опадна

images (57)

Се нудат разни аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни. Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период, но во просек се движат околу 30 евра од лице за полупансион.

Сепак, туристичките агенции велат дека аранжманите за Банско се најмногу барани, по што следуваат понудите за Боровец и Пампорово кои исто така се познати зимски туристички центри во Бугарија. perun-sauna

Причината за тоа што македонските граѓани се повеќе заинтересирани за зимување во Бугарија отколку во соседна Србија се пониските цени на аранжманите.

– Главно граѓаните се интересираат за Банско, но и за Боровец. Цените се слични како минатата година, а и интересот е горе-долу ист како лани, велат од туристичката агенција „Атлас Корпорејшн“.

 

Од домашните туристички центри некои од агенциите го нудат Крушево каде во зависност од временскиот период може да се најде апартман од 1.000 до 1.200 денари.

Дел од оние што нема да имаат можност да заминат на зимување во соседна Бугарија или Србија, ќе ги посетат домашните зимски туристички центри како Попова Шапка и Маврово