Различни земји, различни обичаи, но сите веруваме дека тие ја носат среќа.
Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бела, Шпанците јадат грозје, а Србите – свинско. Сето ова во името на благосостојбата во Новата година. Обичаите се различни, но во целиот свет луѓето се убедени дека некои од нив носат среќа во наредната година.
Германците веруваат дека тој татнеж ги брка злите духови, така што во новогодишната ноќ одат по улица со тимпани и други бучни инструменти.
Во Данска цела година собираат чинии кои на 31 декември да ги испокршиат пред влезната врата на своите роднини и пријатели.
Тие веруваат дека ова го прави пријателството посилно, па целта е да се скрши колку може повеќе чинии.
Бразилците во новогодишната ноќ се облекуваат во бело – им носи среќа и мир.
Во Јапонија камбаните пред 12 часа бијат точно 108 пати за да ги изгонат исто толку на број човечките слабости. Потоа Јапонците веруваат дека со смеа ќе го избркаат лошото. Во Шпанија е прифатено на полноќ да изедат точно 12 зрна грозје, како гаранција дека во сите 12 месеци од следната година среќата ќе им биде верен придружник.

BLD015708
Голема љубов ги чека оние кои на Нова Година ќе се бакнат под имела / вид растение/ , сметаат жителите на САД. А според едно верување, распространето во светот, во новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На Балканот обичаите на некој начин се поврзани со храната. Се смета дека Новата година треба да се пречека со полн фрижидер, да има пари во секој ресор во куќата, за да има пари и во текот на целата година. Да се платат сите сметки пред празникот, па во новата година да се влезе безгрижно. Во Србија и Македонија веруваат дека свинското месо ќе донесе напредок во Новата година. На Балканот сакаат да ја пречекуваат Нова Година со свинско.

Во никој случај не заборавајте! Голем пропуст е да не го поздрават блиските, бидејќи ќе страдате од емоционална дистанца во вашиот живот. Никогаш не се даваат пари на 31 и 1 јануари, бидејќи тоа ниво значи материјални проблеми. На 1 јануари не треба да се вади ништо од дома. Ништо значи апсолутно ништо, вклучувајќи и сметот.
Некои веруваат дека до 12 часот во домот не треба да влегуваат руси или црвенокоса. Според уште построгите традиции не треба да дозволат и жени, бидејќи тие носат несреќа.
Работа не се започнува на 1 јануари, бидејќи нема да е успешна. Не треба да се пере долната облека или да се мијат чинии на 1 јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.