Сега многу нешта стануваат појасни, коментира портпаролот на руското Министерство за надворешни работи
Официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ја коментира изјавата на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган за ефикасноста на Хитлерова Германија.“Всушност, толку многу работи стануваат јасни”, напиша Захарова на страницата на Фејсбук. Во интервју за турските медиуми Ердоган ја посочи Германија за времето на нацизмот како ефикасен модел за претседателски систем на управување
Турскиот претседател , кој претендира за уставни промени со повеќе претседателски овластувања, посочи во своето интервју дека Хитлерова Германија е пример за ефикасен претседателски систем, објави Ројтерс. Досега тој се обложуваше во примерите на земји со претседателски системи како САД, Франција или Русија..При неговото враќање од посетата на Саудиска Арабија доцна во четвртокот Ердоган беше запрашан дали зајакнување на претседателската институција со извршни овластувања е можно при зачувување на единствената структура во државата. Тој одговори: Веќе има примери во светот. Можете да видите еден од нив, погледнете ја Хитлерова Германија. Има и подоцнежни примери во различни други држави, посочи Ердоган.
