(ВИДЕО) Грд подбив на небото за Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Американците отворено изразуваат недовербата кон претседателскиот кандидат на републиканците

20160102.ngyksyhcqw

Американци напишаа навредливи пароли за претседателскиот кандидат на републиканците – милијардерот Доналд Трамп. Во Калифорнија за време на Маршот на розите пет авиони испишаа на позадината на синото небо навредливи зборови за амбициозниот магнат: “Америка е голема земја! Трамп – одвратен”, “Кој и да е, само не и Трамп!”, “Трамп е фашистички диктатор “.До моментов не е јасно кој стои зад овие провокативни слогани. Организаторите на парадата изјавуваат дека немаат општо кон она што се случило и не се сомневаат кој  би востановил ваква о “претстава” за Доналд Трамп.

Натпис во небото: “Трамп е одвратен”

Милијардерот е еден од кандидатите за претседател на САД во 2016 година. За време на предизборната кампања неговиот углед не еднаш беше компромитиран. Во повеќето случаи за тоа има “заслуга” самиот Трамп – со манири да се изјаснува исклучително остро. Особено огорченост предизвикаа неговите изјави за муслиманите на позадината на терористичките акти не само во САД, но и во светот.