Во знак на протест против измените во законот за медиуми и гушење на независноста во јавниот сервис во Полска , директорите на сите програми дале оставка, а националното радио протестира со емитување на државната химна, а на секој час се пушта “Ода на радоста ” од Бетовен.

И покрај протестите на европските новинарски здруженија,владеачките конзервативци на поранешниот премиер Јарослав Качински на ноќна седница пред Нова година ја протуркаа првата реформа во медиумите, благодарение на мнозинството во двата дома на парламентот
Со новите промени, му се прошируваат овластувањата на министерот на државниот трезор во облста на одлучувања во медиумите. Имено, сите надлежности за поставување на директори на телевизијата ТВП, државното радио, новинската државна Агенција, како и членовите на нивните надзорни одбори се доверени на министерот .
Новите директори на телевизијата и членовите на Советот, нема веќе да бидат бирани за определен период на вршење должност, туку може да бидат сменети во било кое време, односно кога ќе одлучи министерот.
– Со емитувањето на химната и Ода на радоста, сакаме да го привлечеме вниманието на јавноста да посветат внимание бидејќи следува закана на плурализмот и слободата на говорот со новиот закон за медиуми , соопштиле од полското радио.
Поради промените на полските јавни медиуми во државни, што ви значело приватизација на електронските медиуми, бидејќи и евроспкптиците од “Право и правда” без срам најавиле дека ќе постават партиски активисти, протестирале и од Европската асоцијација на новинари, Европската новинарска федерација, Репортери без граници, а потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс упатил протестно писмо и побарал образложение за нелогичните измени од шефот на полската дипломатија Витода Вашчиковског.