Русија го ограничи до 20% учеството на странски капитал во медиумите

од desk3
99 прегледи

Во Русија стапи на сила нов закон со кој се ограничува до 20 отсто учество на странски акционери во вкупниот капитал на руски медиуми. Нацрт-законот, донесен во септември 2014 година од Државната дума, беше одобрен од горниот дом на парламентот во октомври и потпишан од претседателот Владимир Путин во декември 2015 година, соопшти ТАСС.

russian-president-vladimir-putin-television-sets-moscow-electronic-goods-store-getty

Текстот, кој стапува во сила од сабота, забранува на лицата со странско или двојно државјанство да основаат медиуми во Русија и дозволува акционери од странство да поседуваат најмногу 20 отсто од одобрениот капитал.

До 1 февруари сопствениците на медиумите мора да ги исполнат законските барања и до 15 февруари да поднесат новите документи во државната агенција “Роскомнадзор”, која при нарушувања ќе се обрати до судот, за да биде запрен соодветниот медиум.

Сите големи медиуми во Русија ќе ги исполнат барањата на законот за странскиот дел од капиталот, коментира шефот на “Роскомнадзор” Александар Жаров пред ТАСС, соопштија светските агенции.

Кремљ го загриза Ердоган за “ефикасноста на Хитлерова Германија”

Агенцијата регистрираа во Русија речиси 1.000 медиуми со странски капитал, од кои чекаат информации и по 15 февруари ќе прави проверки, вели тој.

Во САД странски компании или граѓани можат да поседуваат до 25 проценти од капиталот на терестријалните радија и телевизии; ограничувања за печатените изданија нема, потсетува агенцијата.

Канада дозволува до 20 отсто странски капитал во сите радија и телевизии, а во медиумските холдинзи – до 33,3 проценти. Во земјата се дискутира за ублажување на оваа норма со цел привлекување на инвестиции од странство.

Велика Британија не допушта странско учество во јавни електронски медиуми, особено БиБиСи. Во случајот “јавни” значи посебна форма на сопственост – ниту државна, ниту приватна, прецизира агенцијата.

Акции од британски приватни терестријални телевизии можат да поседуваат граѓаните на земјите од ЕУ и компании од кралството. За печатени медиуми ограничувања нема.

Во Франција странците од земји членки на ЕУ можат да поседуваат до 49 отсто од одобрениот капитал на телевизии и радија кои емитуваат во етерот на целата земја, и 33 проценти во капиталот на локални електронски медиуми. За државјани на други држави процентот е 20 отсто.

При сателитските и кабелските медиуми нема ограничувања за странски капитал. Компании и државјани на држави надвор од ЕУ не можат да поседуваат над 20 отсто од акциите на националните дневни весници, но правилото не важи за списанија и локални печатени изданија, дополнува ТАСС.