Заев за Капитал: Криминалците ќе одговараат, а парите ќе мора да ги вратат

од Vladimir Zorba
88 прегледи

– Доверлив избирачки список во којшто ќе веруваат сите граѓани е услов број еден за регуларно гласање. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги добивале изборите во криминален систем што сега е пробиен и тие се тие кои сега го доведуваат во прашање одржувањето на изборите на 24 април, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за неделникот Капитал. 26502golema (1)

На прашањето, што ако изборите не се одржат во рокот, Заев вели дека се надева дека сите ќе се надминат себеси за „доброто на Република Македонија“, но дека никако нема да дозволат уште едни криминални избори.

Тој не сака да ја коментира работата на Специјалното јавно обвинителство, кое во следниот период треба да поднесе обвиненја по предмети каде меѓу осомничените се врвот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и дали тоа ќе влијае врз околностите под кои ќе се одвиваат избоите.

– Не станува збор за тоа дали исходот од потенцијалните истраги ќе ги определи околностите за избори. Од она што го знам од материјалите, има неколку чисти случаи со конкретни докази за злоупотреби од страна на власта, што мислам дека може да резултира со обвиненија во скоро време. Некој можеби ќе рече дека сум непоправлив оптимист, но се што досега реков и најавив се случи и тоа ми дава за право да верувам дека таму каде што е вистината, таму е и правдата и од тоа назад нема, вели Заев.

Во врска со една од мерките што ја најави – сите оф-шор компании во Македонија да ги соопштат нивните сопственици, и дали е спремен за евентуална амнестија на капиталот, по примерот на повеќе земји за да ги вратат назад одлеаните пари, Заев вели дека проблемот со оф шор компаниите во Македонија е сериозен и тоа го покажале „сериозните докази што водат до рајските земји, Панама, Лугано – Швајцарија, Белизе, од каде што потекнуваат бизнисите на братучедската двојка Груевски – Мијалков“.

– Видовме докази и слушнавме што сѐ тие правеле и од каква помош била кумската врска со Ставрески. Па сетете се кои фирми ги добивале најубавите и најскапите плацеви во Скопје, на Водно, за што лично се заложувал Никола Груевски. Затоа, нема логика за никаква амнестија на тие кои со години ги пљачкосувале граѓаните и државата. Криминалците ќе одговараат, а парите ќе мора да им ги вратат на граѓаните, вели Заев во интервју за Капитал.