Солидарност:Едни мајки со откажаа од пензиите, во корист на други

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Директорот на црногорскиот Фонд за пензиско осигурување, Душан Перовиќ изјави дека 1.271 жена поднеле изјави дека доброволно се откажуваат од своите пензии во корист на средства за мајките со три и повеќе деца.

lovely-tips-on-starting-a-mother-child-club

Петровиќ истакна дека оваа иницијатива ќе му заштеди на Фондот од милион до милион и половина евра.

Црногорскиот државен буџет оваа година предвидел за пензискиот Фонд дополнителни 15 милиони евра за исплаќање на надоместоци за мајките со повеќе деца.

Законот за надомест за мајките со три или повеќе деца стапи во сила на 1 јануари. Според него вработените мајки со три или повеќе деца, кои имаат над 15 години стаж ќе добиваат месечнен надомест во износ од 70 отсто од просечната плата во земјата, која лани изнесуваше 477 евра.