– Ќе си ставам вратоврска кога ќе биде отпишан долгот на Грција, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на еден ден пред да ја преземе власта на почетокот на 2015 година.

На 40-годишна возраст, Ципрас стана најмладиот грчки премиер во последниве 150 години и отвори нова страница во историјата на Грција, откако со децении две партии стоеја на чело на државата. Конзервативната Нова демократија не успеа да ја задржи власта и покрај сите компромиси кои требаше да ги направи откако се согласи со незамисливото – да управува со вечниот политички противник, социјалистите од Пасок.
Победата на Ципрас, кој не доаѓа од традиционално силните политички фамилии во Грција, предизвика бура. Младиот и енергичен премиер јавна на брановите на јавното незадоволство од нескротливата економска криза и рестриктивните мерки кои Атина вети дека ќе ги спроведе во замена за меѓународната финансиска помош.
Тоа ветување за да се изведе Грција од „хуманитарната криза“, предизвикана според него од драстичните мерки за економијата, наложени од „омразената“ тројка кредитори (Европската унија, Европската централна банка и ММФ). Тој застана на чело на државата со човечка самодоверба, затоа што за пет пати ја зголеми поддршката за својата партија Сириза во период од три години. Тој се здружи со политичка партија која е сосема спротивна во политичките ставови со Сириза – десната Независни грци на отцепениот од Нова демократија Панос Каменос, со кого го врзуваа длабоко несогласување во врска со странските кредитори.
Првата влада на Ципрас, која опстои осум месеци, од аналитичари беше дефинирана дека опстојува токму заради „невообичаеното партнерство“. Тие дадоа заклетва дека непобитно ќе ги штитат интересите на грчкиот народ, за кој кризата стана начин на живот. Од 2009 досега, невработеноста во земјата скокна за скоро 15 прценти, а податоците кажуваат дека 44 отсто од грците живеат под прагот на сиромаштијата.
Алексис Ципрас изгледаше одлучен да не прави компромиси и тоа симболично го покажа со одбивањето да се заколне во библијата при доаѓањето на власт, одбранувајќи си ја позицијата на вистински атеист во државата во која црквата има особено силни позиции во социјалниот и политичкиот живот.
Дури и неговиот личен стил на облекување остана непроменет – одби да носи вратоврска и ја наметна таа мода и за министри и пратеници. Уште посмел во модните екперименти и дрските барања беше министерот за финансии Јанис Варуфакис, кој предизвикуваше вистинска фурија на неговите официјални средби.
Одбивањето да стави вратоврска беше начин и да ја покаже својата тврда намера радикално да ги промени позициите на Грција, а неговото ветување дека ќе стави ваков моден детал кога долгот на Грција ќе биде отпишан и земјата ќе излезе од кризата даваше зрак на надеж дека можеби Грција нашла пат за излез од спелата уличка.
Но по една година на власт ветувањето на Ципрас и Сириза за промена на курсот не е факт.
Грција не само шот не излезе од кредитните договори и не ги предоговори условите во своја полза, туку во инфаркните преговори во Брисел во текот на летото склучи и трет договор за кредит. Во замена за нови 86 милијарди евра помош вети дека ќе спроведе нови за општеството тешки реформи.
Со потпишување на условите од договорот не беше испочитувана и вољата на грчкиот народ, кој на реферндумот од 5 јули свикан од самиот Ципрас рече „охи“ (не) на предлозите од европската рамка. Парадоксално е што имено Ципрас ги повика граѓаните да ги отфрлат условите кои од него беа карактеризирани како „понижувачки“. Но само неколку дена пдооцна тој се потпиша под тешките за државата услови.
Без вратоврска, но доста позаморен и со загубена првична енергичност, лидерот на Сириза објасни дека немало како да не ги потпише тој договор од кредиторите затоа што можниот грексит (излегување од еврозоната) би бил многу потежок за земјата од прифаќањето на суровите услови од новиот договор.
Решението на Ципрас предизвика бурни протести и поделба во редовите на самата Сириза. Пратеници од Сириза меѓу кои и претседателот на тогашниот парламент Зои Констандопулу, одбија да гласаат за првиот пакет од болните реформи.
Следуваше свикување на предвремени избори – втори за оваа година, кои Сизира повторно ги доби, па Ципрас повторно формираше влада со партијата на Панос Каменос.
И покрај новите ветувања дека Грција ќе го зачува достоинството и нема да потклекне на сите барања на Брисел, притисокот од кредиторите за реформи порасна уште повеќе. Тие сакаат да видат реални мерки особено во однос на промени во пензискиот систем, во државниот сектор и во економскиот сектор.
Реформите кои грчкиот народ ги сфати како крајно рестриктивни, аналитичарите ги сметаат за наметнати.
Европските лидери уште еднаш стравуваат дека пропаста на програмата за спас за Грција ќе доведе до распад на еврозоната и растурање на моделот на ЕУ.
Тие изгледаат тврди дури пред исолнувањето на условите дури и сега кога Грција страда не само од „хуманитарна криза“ заради сериозното затегнување на коланите, туку се наоѓа и под жесток удар од бегалската криза.
Бранот на луѓе кои доаѓаат од Блискиот исток, ја повлекува земјата уште подолу во пропаста. Стотици илјади мигранти доаѓаат во бранови преку територијалните води на Грција, натрупани во чамци од турски шверцери со луѓе. За нив Грција е само транзитна станица на нивниот пат кон Европа, но за самата Грција беглаците се исклучително економско бреме и во пракса се закана за исклучување од една друга зона – таа на Шенген.
Само од почетокот на годината преку грчките острови во Егејското море минале повеќе од 770 илјади мигранти. Тоа значи огромни расходи за грчката држава за одбрана на границите, сместување и хранење на новодојденците.
Атина се покажа неподготвена за прими ваков обемен проток од мигранти и сега е предмет на сериозни критики од нејзините европски партнери. Тие ја обвинуваат дека контролата над мигрантите кои минуваат не е доволна, особено откако се дозна дека двајца од учесниците во терористичките напади во Париз на 13 ноември минале преку нејзина територија и не биле квалифицирани како опасни.
И покрај тврдењата на Атина дека добиваната помош од Европа за справување со вонредната криза е неадекватна, се повеќе се зборува за отстранување на земјата од шенгенскиот простор за слободо движење на луѓе и стоки.
Ако тоа се случи, премиерот Алексис Ципрас ќе се најде во доста тешка ситуација, затоа што ќе настрада не само економијата во земјата, туку уште еднаш ќе биде засегнат и имиџот на сигурен партнер. Тоа на Атина ќе и донесе уште непријатности, а нејзиното излегување од развлечената шестгодишна криза станува се поимагинарно.
Тоа во пракса значи дека скоро нема да го видиме премиерот во костум и вратоврска како се ракува со насмеан европски или светски лдер.
Тоа изгледа уште поневеројатно ако се земе во предвид фактот дека Ципрас даде уште едно ветување поврзано со модниот детал. Добивајќи вратоврска како подарок од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тој му вети дека ќе ја стави кога двајцата ќе отидат на обединет Кипар откако биде решено кипарското прашање – проблем кој е врсник на Алексис Ципрас./БТА