Две лица повредени од остар предмет синоќа околу 19 часот биле донесени во скопската болница „Свети Наум Охридски“. Еден час подоцна полицијата добила информација дека едно од лицата, кое нофицијално имало убодна рана во пределот на срцето, им подлегнало на повредите.
Неофицијално станува збор за деветнаесет годишниот Леард А. Тој бил прободен со нож во пределот на срцето. Во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет.
За инцидентот во Бит Пазар е приведено едно лице .
Другото момче по укажаната лекарска помош е пуштено дома.
