Генетичарите алармираат: Мажите се осудени на изумирање

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Австралиска експертка дури утврди и времето кога тоа ќе се случи

krevet

Експертката за генетика Џени Гриjвс, професор на Австралискиот национален универзитет, излезе со застрашувачки прогноза, соопшти theconversation.com. Според истражувањата на проф. Гриjвс, мажите на нашата планета се осудени на изумирање. Причината е во гените во Y-хромозомот, носител на кој е посилниот пол. Во процесот на еволуцијата, тие  ослабеле и денес неоштетени, здрави гени во мажите се многу помалку отколку кај жените. Овој процес е веќе започнат и најверојатно до 5 милиони години мажите ќе исчезнат конечно од лицето на Земјата. Како ќе продолжи репродукција на човечкиот род, ако сепак доживеем до овој момент, не е јасно!?