Државниот пензиски фонд почна да се раздолжува. Денеска се префрлени 4 милиони евра кон приватните пензиски фондови, а до крајот на јануари, ќе биде вратена целата сума од 11,3 милиони колку што изнесувал заостанатиот дел од долгот. Ова за Алсат – М го потврди директорот на ПИОМ Шаип Зенели.

Тој не сакаше да зборува пред камера, но одговорноста за проблемот ја префрла кон фирмите и кон јавните претпријатија кои навреме не плаќале придонеси и со тоа се создала дупка, односно долгот. Зенели дел од вината ја префрли и кон агенцијата која го регулира работењето на приватните пензиски фондови – МАПАС, од каде, според него, навремено не се доставувале информации за членовите во приватните пензиски фондови.
Извозот до ноември помал за околу 400 милиони долари во однос на 2014 година
„Станува збор за технички проблем. Првиот дел од проблемот беше затоа што навреме не ги добивавме придонесите за сите осигуреници. А, вториот дел од проблемот е затоа што агенцијата МАПАС навреме не ги пријавува, односно, не доставува информации за членовите на приватните пензиски фондови, “ тврди Шаип Зенели за Алсат – М.
Повеќе ТУКА