[РЕЦЕПТ] Варено жито за Бадник

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Производи:
250 г жито (пченица)
вода
5-6 супена лажица мед или околу 100 г шеќер во прав
100 гр ореви
опција: суво грозје околу 50 грама, кора од 1 лимон, цимет40e885d305fe6ad553d94d0b700f20e1

Подготовка:
Житото се мие и залива со вода. Оставете да отстои една ноќ или варете на тивок оган околу два часа (додека се свари). Потоа се цеди водата и се става во длабок сад и додава мед или шеќер во прав, мелените на ситно ореви, лимоновата кора рендана на ситно, по желба цимет или суво грозје.