Чоколадото е поврзано со дијабетесот, но не во таа смисла, во која можеби првично ќе помислите.
Научниците утврдиле дека младите луѓе со нормална тежина, кои јадат чоколадо, се штитат од дијабетес, соопшти Food Consumer.
Консумирањето на чоколадо, во две или повеќе порции на ден го намалува ризикот од дијабетес за 17%. Користа е поголема ако човек не страда од кардиоваскуларни болести.
Помала е кај постарите луѓе или оние со прекумерна тежина. Експертите нагласуваат дека какаото и производите во кои се содржи, одамна се вклучени во листата на суперхрана. Тие помагаат да се спречи развојот на кардиоваскуларни болести.
Специјалистите сèуште расправаат за користа од млечно чоколадо, бидејќи во него има многу масти и шеќер. Неоспорна е сепак таа на црното чоколадо. Пред извесно време беше утврдено дека чоколадото се бори со инсулинската резистенција, оксидирачки стрес и воспаленијата.