ПИОМ под лупа на МТСП, Ременски бара одговори за застојот во префрлањето на пари

од desk3
70 прегледи

remenski

Државниот пензиски фонд под лупа на тимот формиран од министерството за труд и социјална политика. Се бараат причините поради кои има застој во префрлањето на пари од ПИОМ кон задолжителните пензиски фондови. До санкции се надеваме дека нема да дојде, добивме уверување од директорот на ПИОМ дека ќе бидат доставени бараните документи изјави за 24 Вести министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски.

Г.г. Стефан: Да го јакнеме духовното и националното единство

Шаип Занели вд директорот на ПИОМ, накусу само изјави дека е на пат надвор од земјава.
Инаку првичните информации од тимот се очекуваат во петок, но целосната слика од анализата во која треба да бидат детектирани причините за застојот во префрлањето на пари ќе биде готова во текот на следната недела.

Повеќе ТУКА