Сараево прикажува една загрижувачка слика. На Босанците, Хрватите и Србите се придружила уште една страна во конфликтот- арапските вахабисти, кои моментално купуваат недвижнини, градат цели градови и во меѓувреме се најголеми работодавачи во земјата, пишува виенскиот “Курир”.

-Што мислите, кога ќе дојде војната? – ова прашање одѕвонувало во ушите на новинари од виенскиот дневник. Но, тие заклучиле дека од ова прашање не им се смрзнува крвта само на таксистите, туку и на голем број од населението кое ја гледа поинаквата слика, онаа на едно ново Сараево.
– Хрватите ги провоцираат муслиманските сограѓани. Радикалните муслимани на друга страна ја величат Исламска држава. Гласините за наводни терористички кампови додатно внесува несигурност во јавноста. Она што го одбележува секојдневието е пропагандата и меѓусебните провокации.
– И по 20 години од војната, климата и понатаму е отровна, пишува “Курир”.
Ги спомнавме новоникнатите работодавци, тоа се оние кои виенските новинари ги квалификуваат како луѓе кои од своите вработени очекуваат строго придржување кон верата и екстремните правила. Според податоците на виенскиот “Курир” до сега радикалните меѓу 2,5 милиони умерени босански муслимани, немале некоја важна улога, а Министерството за внатрешни на БиХ проценуваат дека нема повеќе од 5000 вахабисти, но би можеле брзо да се променат тие бројки, смета дневниот весник.

Само во Трново, еден град за туристи во подем, има инвеститор од Емиратите, кој најави вработување на 10 000 домашни работници, што значи дека само овој проект ќе го зголеми бројот на припадниците на босански вахабисти.
Проценките на дневикот се дека Босанците стравуваат од присилни економски мисионери, бидејќи со големи маки минатите години успевале да ги решат борците блиски до Ал Каеда.
– Вахабизмот е плодна почва за исламски тероризам, а целите за Исламска држава се врзани со Горна Маоча, Зеница, Бихаќ и Брчко, а босанската тајна служба и полицијата делуваат со неочекувана ефикасност против нив, пишува весникот.
Според анализата, изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, открива дека има таен арапски план според кој е предвидено населување на 500 000 вахабисти. Не само регионалните лидери, шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц алармираше на опасност од вахабистичка тенденција.