Бурни реакции на Косово предизвика сатиричниот краток филм за двајца борци на ОВК во кој е прикажано како тие се обидуваат да заземат стабмени згради и седишта на институции по војната во 1999 година.
Филмот „Стратешки план“ го создаде “Supcat”, а ветераните на ОВК остро го критикуваа неговото прикажување на телевизијата КТВ.
Критики на сметка на филмот упати и претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, но истовремено наведе и дека треба да престанат осудите на уметниците на социјалните мрежи.
Претседателот на Србија, наместо гранче во Собранието донесе цело дрво
Пратеникот на владејачката Демократска партија на Косово, Џевахир Измаку побара извинување по емитувањето на филмот.
