Седум особини на хронично несреќните луѓе

од Vladimir Zorba
84 прегледи

images (27)

Сите ние понекогаш имаме лоши и подобри денови. Разликата меѓу среќниот и несреќен живот е колку долго ќе останеме на едно место.

Имаме моќ  сами да искористиме дури 40% од капацитетот за да ја промениме среќата. Но, ретко кој знае како да и се насмевне и да ја избегне несреќата .

Споделуваме неколку особини по кои ќе ги препознаете несреќните луѓе:

1. Живеат со мислата дека животот е тежок. За разлика од несреќните, среќните луѓе знаат дека животот е тежок, но разликата е во тоа што тие не го живеат животот како жртва, туку поминуваат низ несреќите со став на радозналост. Превземаат одговорност за секоја ситуација во која се нашле и брзо го бараат излезот.

2. Веруваат дека никому не може да му се верува.  Не дека ова е далеку од вистината, но пак постои една тенка разлика меѓу двете категории среќни и несеќи, односно првите веруваат на најблиските и не мислат дека сите се против нив. Несреќните сметаат дека на странците не може да им се верува и затоа тешко прават нови пријателства.

3. Се фокусираат на она што е лошо во светот, а не она што е добро.  И среќните луѓе се свесни за глобалните лоши прашања, но не размислуваат само на тоа

images (28)

4. Се споредуваат со другите и створаат завист. Несреќниците мислат дека некој им ја краде среќата и тоа им предизвикува чувство на љубомора. Среќните пак, сметаат дека во себе го носат планот за среќа и дека никој не може ниту да им даде ниту да им одземе.

5. Настојуваат да го контролираат животот. Среќните луѓе секојдневно работат на случајот постојано да ги постигнат своите цели, но свесни се дека има и други фактори кои влијаат на тоа. Несреќните луѓте имаат тенденција да се откажат во секој прилика кога ќе приметат надворешен фактор кој ја контролира ситуацијата.

6. Размислуваат за иднината со страв. Несреќните луѓе се полни со мисли дека нешто во иднина може да им наштети, а забораваат на убавите работи, па затоа живеат во страв.

7. Трачарат и разговараат за други луѓе. Несреќните луѓе го сакаат животот во минатото.  Животот им се сведува на она што поминало . За разлика од нив, среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за подобра иднина.