Структури во властите се корупмирани, но нема санкции за нив, институциите се слаби, нема политичка волја за справување со нив, вели во интервју за Радио слободна Европа, Вук Мараш, претседател на антикорупциската мрежа за борба против корупција во Црна Гора.

– Ние во Црна Гора, создадовме еден институционален хаос каде што имаме еден голем број на институции, од кои сите работат по мал дел од работата, но тој систем ни е увезен. Така да кога ќе слушнам дека законот треба да се менува, одговорот е не. Кај нас проблем што постоечкиот закон, а ниту тие пред него кои беа менувани, не беа спроведувани ни 70 проценти. Кога ќе го спроведеме законот до крај, тогаш ќе може да кажеме дали треба да се менува или не, вели Мараш за РСЕ .
Според него истиот проблем е и во институциите и во Македонија, а тоа е неизвршувањето на задачите . Доколку институциите си ги работат своите задачи и грешките се согледуваат според него , нема потреба да се чека државната ревизија.
– За паралела Македонија и Црна Гора на тема корупција е дека отприлика корумпирани сме и едните и другите до гуша, и имаме многу јасни структури внатре во властите, и едните и другите, поставена е олигархијата, која очигледно не е само во јавните набавки, туку и во многу други сектори, која и те како остварува финансиска добивка, а од друга страна нема никакви кривично правни последици за сите тие луѓе. Тие и натаму се заштитени од кривичен прогон, поради слабите институции, поради недостаток на политичка волја и страв од челниците на клучните институции на нашите земји, за гонење на тие луѓе кои ги зеле парите од народот и тие што ја злоупотребиле службената должност, а сепак зборуваме за луѓе од врвот на власт во сите сектори, вели Мараш.
Неговите оценки се дека веќе има препораки од европските институции во сегментот- корупција и во Македонија и Црна Гора, но најголемиот проблем е што никаде не се имплементираат тие препораки.