Академик Абдулменаф Беџети: Се движиме кон должничко ропство- грчко сценарио, тоа е едноставно!

од desk3
88 прегледи

Академик Абдулменаф Беџети во изјава за РСЕ вели дека Македонија постепено, но сигурно се движи кон должничко ропство. Тој вели дека владата ја донесе фискалната стратегија без поширока јавна расправа, само за да го задоволи ММФ кој бараше донесување на ваква стратегија.

abdulmenaf dedzeti

„Со новата фискалната стратегија што е објавена Владата влегува во еднонасочен правец, се судира со динамиката на растот на економијата, предвидува раст 3 до 4 посто и тоа прашање е дали ќе се оствари, без разлика колкав е и дали е квалитетен тој раст и сепак предвидувате многу поинтензивен раст на јавниот долг, кон што ве води тоа? Кон грчко сценарио, тоа е едноставно. Секој раст на јавен долг кој е е поголем по интензитет од растот на економијата ве носи во Банкрот.“

Грчкото МНР твитна: Ахмети од ДУИ се сретна со Коѕиас

Според стратегијата, буџетскиот дефицит постепено треба да се намалува и до 2018 да достигне 2,6 отсто од БДП-то.

 

Повеќе ТУКА