(ВИДЕО) Протести: БЕГ нема лиценца за работа во Македонија, незаконски добиваме фактури

од desk3
108 прегледи

Дистрибуцијата на топлина „Балкан Енерџи Груп“ нема лиценца за наплатување на парно, а сметките кои ги добиваме од таму се фалсификувани, имаат фотокопиран печат и потпис, обвинуваат граѓаните на денешниот протест против топлификација-јави А1он.

Screen-Shot-2016-01-09-at-13.52.03-685x320

Според нив, ниту една од фактурите од БЕГ која стигнала до рацете на граѓаните не е оргинал, односно сите се копирани, а судиите судат според фалсификати.

– Јас тврдам дека БЕГ нема лиценца за наплатување на парно. Едно прашање до судиите, дали не сфатија дека направија од извршителите милијардери. Ова е комплет противзаконито водење на постапка, видовме толку глупост на едно место од страна на владејачкото мнозинство, бидејќи сепак е тоа чекмеџе на ВМРО-ДПМНЕ, тие си ги бранат парите. Сакам да ја поздравам Госпоѓата Авировиќ, бидејќи таа е фронтмен кога е во прашање глупоста, вели Момчило Ивановски.
Повеќе ТУКА