Современи архитекти од Скандинавија до Медитеранот ги користат драматичните особености на пределот, за да создадат специфични згради, демонстрирајќи ја својата креативност.
Меѓу овие згради има такви кои се протегаат во или врз различни карпи.
Куќата на фотографијата се вика Каса Малапарте и се наоѓа на карпестиот остров Капри. Таа е сопственост на писателот и дипломат Курцио Малапарте, а е дело на италијанскиот архитект Адалберто Либера.
Вилата со црвен цементен малтер нуди одличен панорамски поглед на заливот на Салерно.
Куќата ја одигра главната улога во филмот од 1963 г. на Жан-Лук Годар “Презир” со Бриџит Бардо и Мишел Пико.
Воопшто зградите изградени / вградени во карпите секогаш имаат многу интересна архитектура, бидејќи стануваат дел од пејзажот. Тие се интересна споредба помеѓу природните особености и најхрабрите современи форми во дизајнот.
Меѓу куќите, кои стојат на карпи има вистински ремек-дела на архитектурата. Видете ги нивните слики во галеријата.