Владата во вторник ќе се задолжи за скоро 15,5 милиони евра. Парите ќе ги обезбеди преку аукција на државни хартии од вредност. И тоа околу 13 милиони евра ќе бидат позајмени преку државни записи со рок на доспевање од 6 месеци, односно 1 година. Останатите 2,4 милиони евра ќе се обезбедат преку државни обврзници , пари што ќе треба да се вратат за 10 односно 15 години.
Гошев: Фискален совет не може да и помогне на апашка економија
Веќе во среда Министерството за финансии ќе треба да исплати околу 15, 5 милиони евра за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност. Токму по овој основ до крајот на јуни ќе треба да бидат вратени над 491 милиони евра.
