Луѓе од Македонија и од Бугарија вчера се поклонија во Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева. Присутните носеа бугарски знамиња, знамиња на ВМРО и меѓу нив – и унгарско знаме.
Според медиумите во кај нас бугарските следбениците на Мара Бунева се биле поклониле на грбот на Унгарија, наместо на бугарскиот.
Европратеникот од ВМРО-БНД Ангел Џамбазки прецизираше денес пред бугарските медиуми дека знамето беше на унгарски националисти, кои, како што тој се изрази, се нивни добри пријатели.
Позната е историската поврзаност помеѓу бугарските и унгарските националисти и тоа токму на темата Србија и српската окупација, рече Џамбазки. Кога зборуваме за Војводина, дали некој размислува какви луѓе живеат во Војводина, праша реторички европратеникот, имајќи предвид дека освен унгарско малцинство во српската област живеат и Бугари.
Бугарскиот европратеник Џамбазки : Најголемиот македонски град не е Скопје, туку Софија!
Човекот со унгарското знаме на поклонувањето на Мара Бунева во Скопје е студент во Софија, наш пријател, рече европратеникот.
Ангел Џамбазки прецизира уште дека пред спомен плочата на Мара Бунева бил принесен венец со унгарското знаме. Овие завршени идиоти дури не го виделе венецот, коментира европратеникот по повод објавувањето.
Како и во претходните години, во црквата “Св. Димитрија “во Скопје во неделата беше отслужена панихида во спомен на Мара Бунева.
На 13 јануари 1928 година во Скопје Мара Бунева ја извршува смртната пресуда над српскиот началник Велимир Прелиќ, по што се застрелува. Умира подоцна од повредите.
