
Изминатата година е забележан тренд на засилен извоз на производи од Србија во Руската федерација. Најмногу млеко и млечни производи се извезле од соседството, а Русите очекуваат и во наредниот период огромни количини од овошје и зеленчок да бидат извезени кај старите пријатели, пренесуваат српските медиуми.
Според министерката за земједолство и заштита на животната средина, од големо значење е тоа што во последните 10 години извозот на земјоделски производи во Русија е зголемен за повеќе од 15 пати.

– Добро е што извезовме млеко , млечни производи, сирење, а оно што слушнавме денеска е всушност потврда од руска страна дека и натаму очекуваат големи количини овошје, свежо замрзнато и конзервирано, вели Снежана Богосављевиќ .
Таа вели дека ситуацијата се држи одлично и од 2012-та година уделот на земјоделски производи во вкупното производство бил 17.1 отсто, а за само три години двојно е зголемено учеството .