По ужасот во Истанбул: Во Анкара фатени уште 16 џихадисти во план за напади, Турција ги забрани фотографиите од нападот

од desk3
828 прегледи

Се сретнав терористот и буквално ги видов неговите очи, видов како експлодираат бомби, ова го рече еден од повредените при денешниот напад врз германски туристи на полицаијата во Истанбул. На плоштадот “Султанахмед” во реонот на туристичкиот центар, каде утрово бомбаш-самоубиец од терористичката група ДАЕШ се разнесе и загинаа 10 лица, продолжуваат увидите и истрагите.

tursko1
“Бевме на неколку метри од местото. Жена ми требаше да си ја земе дипломата за магистерски од филијалите на Министерството за здравство, испратено од Универзитетот “Ататурк” во Ерзурум. Во еден момент се слушна страшен гром, писоци, настана хаос … Жена ми падна во паника, се расплака , требаше брзо да ја изведам. Видов човечки тела и растргнат труп, не посакувам на никого да види ваква слика, ниту да живее во постојан страв од терористички напади “, раскажа Ердинч Халим.

На социјалните мрежи почна светкавично споделување на фотографии од хорор во Истанбул, но властите воведоа забрана за ова и тие беа брзо отстранети. Се појавија коментари и гласини, дека една од верзиите е дека атентаторот-самоубиец е млада Германка,која пристапила кон ДАЕШ. Подоцна беше дадена официјалната информации за сириски државјанин, роден во 1988 година

tursko2
Лејла Акчам била на влакно од смртната опасност, минала низ местото на атентатот и само по 3 минути ја слушнала експлозијата. Таа е со полесни повреди и веќе е во болница. “Три минути пред ужасната експлозија одев оттаму, одев мирно и во еден момент се свртев, токму тогаш експлодираше бомбата, во воздухот се рафрлија некакви работи, не знам какви, но и исфрлен еден човек . Не можам да ја опишам бучавата од експлозијата, врисоците, во димната завеса ништо не се гледаше “, раскажа низ солзи младата жена.

Могерини: Жените во ЕУ беа малтретирани и пред да дојдат имигрантите

Многу од луѓето во регионот првично не сфатија што точно се случува, но сведочат за исклучително моќна експлозија. Многу од луѓето во регионот првично не се сфати што точно се случува.

tursko3
Во меѓувреме агенцијата Анадолија соопшти дека во турската престолнина Анкара се уапсени 16 терористи во момент на подготовка за изненадувачки бомбашки напади. Меѓу нив еден е турски државјанин. Службите за безбедност и анти-тероризам откриле присуство на бомбаши-самоубијци во градот, ги набљудувале , а нивниот план за денес предвидувал крвави напади околу клучните згради на јавни институции. Турчинот е фатен во кафуле во друштво на двајца Сиријци и веќе е во затвор по светкавична пресуда. Од уапсените терористи запленети се голем број документи, кои се инкриминирачки за припадност кон ДАЕШ.