Затворениците од сите затвори во земјава, како што најавија преку социјалните мрежи, денеска штрајкуваат. Според организаторите кои го најавија настанот, штрајкот ќе одвива секој дена од 14 до 18 часот.
Причината за нивната револтираност е, како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од претседателот Иванов, додека в затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела.

Затворениците најавија дека ќе штрајкуваат се до исполнувањето на нивните барања.
Додека пак затворениците во КПД Идризово штрајкуваа челови на нивните семејства исто така протестираа пред влезот на затворот. Според семејствата невини луѓе лежеле во затвори, а штрајкот пред се е и поради нечовечките услови во затворите, селективните помилувања на Претседателот на силувачи, педофили и убијци, а бараат и донесување Закон за амнестија по итна постапка.
Од кабинетот на претседателот демантираат дека се помилувани силувачи, педофили и убијци, како што велат организаторите на штрајкот. Во врска со ова пак денеска Ал. Весник на РМ го објави списокот со помилуваните затвореници.
Списокот ТУКА