Стразбур пресече: Работодавците можат да им ги читаат пораките на вработените

од desk3
83 прегледи

Европскиот суд за човекови права во Стразбур потврди дека работодавците имаат право да ја проверуваат интернет-комуникацијата на своите вработени, односно да ги читаат пораките што тие ги испраќаат преку разни платформи.

evropski-sud-na-covekovi-prava-860x680

Така е окончан случајот со неименуваниот романски инженер, кој е отпуштен во 2007 година и кој верувал дека судот во Стразбур ќе застане на негова страна затоа што работодавците му ја загрозуваат приватноста.

Инженерот своевремено, во работно време користел „јаху месинџер“ за да комуницира со братот и со свршеницата. Челниците на компанија му дале отказ откако дознале за тоа.

„Не било неразумно од работодавецот да провери што прави вработениот за време на работното време, дали ги извршува своите задачи“, стои во пресудата, со напомена дека компанијата им пристапила на пораките надевајќи се дека ќе добие увид во комуникацијата со деловните партнери.

Мрежата за заштита од дискриминација: КЗД досега беше зависна, а сега и партизирана

Судиите во Стразбур, исто така, го оправдале и тоа што нивните романски колеги дозволиле спорните пораки, односно транскрипти, да се искористат како докази.

„Тоа е направено само за да се докаже дека вработениот го користел компанискиот компјутер за приватни цели“, стои во судската одлука.

Одлуката треба да ја почитуваат сите држави што ја ратификувале Европската конвенција за човекови права.

МЕТА