Првичните податоци за декември покажуваат силно месечно зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население, пишува во најновиот извештај на Народна банка.
– Со тоа, кредитите на приватниот сектор го продолжија порастот со солидна годишна стапка, која е повисока од очекуваната со октомвриските проекции. Се очекува кредитната поддршка на корпоративниот сектор, која беше присутна во декември, да продолжи и во наредниот период, делумно поддржана и од последните мерки што ги презеде НБРМ, а кои се целни и со макропрудентен карактер – се вели во извештајот на Народна банка.
Стразбур пресече: Работодавците можат да им ги читаат пораките на вработените
Минатиот месец беа донесени неколку мерки, кои би требало да придонесат за ограничување на ризиците од високиот пораст на долгорочните потрошувачки кредити врз финансиската и макроекономската стабилност, од една страна, и олеснување на пристапот до финансирање за корпоративниот сектор и поефикасно управување со кредитниот ризик од страна на банките, од друга.
