Попладнево партиите повторно седнаа на преговарачка маса

од desk3
104 прегледи

Претходно ненајавено и неочекувано, попладнево партиите повторно седнаа на преговарачка маса за да преговараат за медиумите и Избирачкиот список. За ова информираа од канцеларијата на меѓународниот посредник Питер Ванхуте, од каде посочуваат дека освен прашањето за медиумите, каде преговорите закочија, на дневен ред е и е методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список.

клуббб
Од опизициската СДСМ велат дека ќе исистираат прво да се затвори прашањето за медиумите , пред да преминат на Избирачкиот список или ќе инсистираат двете теми да се водат паралелно
За претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, пак ќе е приоритет утврдувањето методологија за водење на Избирачкиот список. ДИК ги чека предлозите од партиите за да почне со изборните активности , како услов за кредибилни избори.

(ВИДЕО) Шилегов го повика Груевски во среда јавно да сведочи пред Анкетната комисија

Според дипломатски извори, партиите се согласиле да седнат на преговарачката маса по искажаните негодувања на потпретседателот на САД Бајден до  Груевски на средбата во Вашинтон и на доаѓањето во петок на еврокомесарот Хан кој треба целосно да ги откочи преговорите, а како што и тој самиот изјави е незадоволен од недоговорноста на некои политички чинители.