Исто како Хан да кажал “додека дојдам се да биде решено”- продолжуваат партиските преговори

од desk3
81 прегледи

Политичката работна група за имплементација на Договорот од Пржино денеска во 14:30 часот продолжува со преговорите за медиумите , за Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради ажурирање на истиот, соопштија од кабинетот европскиот посредник во преговорите Питер Ванхауте.

клуббб

– Средбите на политичката работна група ќе се одржуваат се додека не се постигне договор за погоре наведените теми, се наведува во пишаната изјава на ванхауте испратена до медиумите.

Потсетуваме дека преговорите беа во застој скоро два месеци. Првата средба се одржа вчера откако претходно Груевски беше на средба со поторетседателот на САД- Џо Бајден. Утре во Скопје доаѓа еврокомесарот Јоханес Хан кој во изминатиот период не го криеше незадоволството од запирањето на процесот од имплементацијата на Договорот од Пржино. Пред неколку денови како претходница на Хан, дојдоа европратениците Ховит, Кукан и Вајгл кои се сретнаа со партиските претставници, со ДИК и со СЈО Јанева.