Пратеничката и член на лидерствот на ДУИ -Рмира Мехмети преку својот ФБ профил изјави дека ги замрзнува своите активности на партиско и на локално ниво поради состојбите во партијата.Ви го пренесуваме нејзиниот ФБ статус:
„Имав искрена желба и цел да ја реформирам ДУИ. Бев убедена дека има база и дека ќе има подготвеност за тоа, за партијата да стане посилна, поединствена и појака во владеењето. Но, секој мој обид наиде на пречки, спротивставувања и ниски удари. Ми измислија афери, сценарија, ја поттикнаа структурата против мене. Медиумите кои се финансирани од ДУИ се ставија во нивна служба и кампања за да го уништат мојот кредибилитет и интегритет. Секој обид за да кажам дека партијата е колективен орган и дека не му припаѓа никому лично, тие го сфаќаа како закана за личните привилегии. Ги мобилизираа сите полтрони кои за малку пари или за мали бенефиции се ставија во заштита на корупцијата, сервилноста и вазалството“. Тие не натераа да гласаме за Тони Науноски за член на Комисијата за заштита од дискриминација, иако не се согласувале со неговиот избор. Тие што не натераа, веројатно, им се должни“. Јас искрено мислев дека работите може да се променат и дека новата генерација може да изведе реформи . Направив грешка. Почнувајќи од денес па се до крајот на овој мандат ќе бидат замолчени. Јас исто така, сугерирам дека денес ги замрзнувам сите мои политички активности во локалните структури или оние во лидерството на партијата.
Војна од страна на политичките хиени е однапред изгубена. Но, за сите овие хиени има порака: Моето време во ДУИ, веројатно никогаш нема да се случи, но сепак јас сум многу убедена дека вашето време е на крај!

