(ВИДЕО) Спасовски: Нов скандал во магацинот за документи на МВР -дупликат возачки дозволи

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски открива нови детали од истрагата  во МВР за дупликати и лични документи

vozacki
На прес конференцијата, Спасовски посочува  дека откако е откриено дека МВР незаконски печатело лични документи, формирал комисија за да влезе во магацинот со документи и да изврши попис. Комисијата пронашла 70 илјади формулари кои не биле евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер.

– Станува збор за исти документи со исти сериски броеви. Имам признание дека службеник на МВР бил известен дека има дупликат, но не реагирал се до барањето за попис. По најавата за попис тој ја известил фирмата добавувач за дупликатот, рече Спасовски.

Истите формулари рече тој, постојат во МВР со ист сериски број, а почнати се со пополнување на 7 февруари, 2014 година.

Според министерот постои индиција за криминал со личните податоци како и за стекнати повеќе милони евра нелагални пари.

Спасовски тврди дека висок раководител  на МВР е вмешан во овој најнов скандалот. Според него не е исклучено дека  со овие формулари можеби се планирало продажба на возачки дозволи. Исто така рече дека не дозволил фирмата да ги повлече формуларите, туку дека тој ќе формира комисија која ќе ги уништи овие документи.

Спасовски контактирал со германската фирма која е добавувач на формуларите, а од таму биле изненадени за ваквиот пропуст за кој досега никој не реагирал.

видео А1Он