По средбата во резиденцијата на ЕУ, изјава даде и медијаторот во преговорите, Питер Ванхауте, кој истакна дека ќе продолжат да работат на останатите точки од договорот.
-Ќе продолжиме да работиме на затворање на прашањата кои се однесуваат на реформи во медиумите, како и на прочистување на избирачкиот список.
Ванхауте рече дека е скептичн за функционалноста на ДИК и дека според него професионалци треба да се справуваат со овие проблеми со цел правилно организирани избори.
Тој вели дека ќе разгледуваат што опозицијата ќе прави во наредните денови и ќе го продолжат дијалогот со нив, се со цел да ги вратат на преговарачка маса.
– Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Ванхауте рече дека ќе го следат и проблемот со изборите се додека не бидат сигурни дека ако дојде до избори тоа ќе биде на најсоодветен начин.
Претходно тој јасно го кажа својот став: „Изборите треба да бидат цреша врз колачот, при што ќе се видат спроведени сите неопходни реформи. За жал, иако црешата може да им изгледа многу привлечно на некои од партиите, колачот е речиси невидлив“, рече белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во интервју за„Вистиномер“.