Дејр ал Зур(Сирија) – 20 прегладнети починаа, 35 сириски војници загинаа

од desk4
89 прегледи

Најмалку 35 сириски војници и припадници на паравоените формации лојални на престедателот на Сирија, Башар ал Асад, загинаа денеска при напад на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во градот Дејр ал Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

сирија

ОН пак денеска соопштија дека имаат непотврдени сознанија оти меѓу 15 и 20 лица во Дејр ал Зур починале од глад. Според ОН, околу 200.000 жители на градот се соочуваат со недостиг на храна, води и останати основни намирници.

Сириските државни медиуми јавија дека владините сили го одбиле нападот на ИД и им нанеле сериозни загуби на џихадистите. Градот е под опсада од ИСИС уште од лани од март и од тогаш не може да влезе хуманитарна помош. Нема струја воопшто ,а вода има само три часа во текот на неделата.