Македонија и официјално ја испрати кандидатурата за местото генерален секретар на обединетите нации. Претседателот на собранието на светската организација и советот за безбедност го добиле писмото со името на номинираниот диплмат, Срѓан Керим. Кадидатура официјално поднесе и Хрватска која ја предложи Весна Пусиќ. 
Срѓан Керим се номинира за прв човек на обединетиоте нации по предлог на Владата. Тој е Поранешен министер за надворешни работи и беше претседател на 62. заседание на Генералното собрание на обединетите нации. Минатата година, владата одлучи да го кандидира Керим за оваа висока функција. Еве што оценија од Владата при обзнанувањето на кандидатурата.
Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН – се наведува во соопштението од Владата.
Срѓан Керим важи за дипломат од карира, но сепак неговото име во земјава се споменуваше во скадалот пари во шише. Имено, пред неколку години неговиот возач беше фатен од унгарските цариници со 750 000 евра скриени во шише. Керим е прв човек на МПМ, групацијата која ги поседува трите дневни весници, Дневник, Вест и Утрински весник, а во два од нив во изминатиов период се спроведоа промени во уредничкиот врв.
Во трката се очекува да се вклучат десетина светски познати политички лидери. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун истекува на крајот на годината. Името на новиот шеф на светската организација се очекува да стане познато во септември.